Кошаркарите на Анадолу Ефес ја започнаа новата сезона во Турција со освојување на „претседателскиот трофеј“ во Суперкупот. Го победија големиот ривал Фенербахче, и покрај тоа што беа без помошта на еден од најдобрите играчи, Шејн Ларкин.
Американскиот плејмејкер ја повреди раката на Евробаскет и ќе паузира долг период. Тренерот Ергин Атаман откри дека Американецот ќе почне да тренира дури за 8 недели.
Тоа значи дека Ларкин ќе биде на пауза до крајот на годината.
Бранителот на титулата првиот натпревар во Евролигата го игра против Црвена Звезда.