Српската фудбалска легенда Драган Џајиќ успешно е опериран и му следи период на рехабилитација, информираат медиумите кај нашиот северен сосед. Тој вчера беше примен на Клиниката за ортопедија во Бањица, што малку ја загрижи цела фудбалска Србија.
Сепак, операцијата на колкот успешно ја изврши д-р Зоран Башчаревиќ, воедно и шеф на клиниката. Според информациите на „Курир“, се поминало добро и сега 76-годишниот Џајиќ треба да се опоравува одреден период.
Џајиќ е почесен претседател на Црвена Звезда, а неговиот дрес со број „11“ засекогаш ќе биде повлечен од употреба во овој клуб.