Лионел Меси, кко и неговиот „вечен“ ривал, Кристијано Роналдо, ќе игра на своето петто Светско првенство, откако аргентинскиот селектор, Лионел Скалони го објави списокот на 26 играчи за Мундијалот во Катар.
По освојувањето на Копа Америка, првиот голем трофеј со репрезентацијата со Меси, тие ја победија и Италија во „Финалисима 2022“ мечот и секако се меѓу фаворитите за да го кренат и големиот трофеј во декември. „Албиселесте“ се непоразени во последните 35 меча.
Во тимот на Скалони е и Пауло Дибала, иако ѕвездата на Рома подолго време се мачи со повредите, но нема други поголеми изненадувања.