Навивачот на аргентинската фудбалска репрезентација, Данило Антонело е првиот навивач кој се напи пиво во „фан паркот“ во Доха, Катар пред стартот на Светското првенство по одлуката на земјата домаќин да забрани продажба пиво на стадионите.
Продажбата на алкохол и така е крајно ограничена во арапската земја, но се веруваше дека навивачите на стадионите ќе добијат дозвола да пијат алкохол, но Катар реши да ги смени договорените правила на два дена пред стартот, предизвикувајќи бес кај спонзорот на ФИФА, „Бадвајзер“. И покрај тоа што на осумте мундијалски стадиони ќе може да се нарача само „Бад зиро“, односно безалкохолно пиво, во „фан центрите“ ќе има дозволено точење алкохол, само во вечерните часови.
Данило, супер-навивач на Аргентина вели дека чекал повеќе од еден час за да биде прв во барот.
„Сакав да бидам дел од историјата. Во Катар сум веќе два дена и едвај го чекам пивото. Штета што барот не се отвара порано“, вели 37-годишниот Аргентинец.
Цената: 12 евра!