Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го освои фјучерс турнирот во Ираклион, Грција. Таа во финалето ја совлада Романката Мириам Булгару.
Ѓорческа го доби финалниот дуел со 2:0 во сетови (6:3, 6:4).
Нашата најдобра тенисерка наметна свој ритам, ја принуди ривалката да има поголем број грешки и успеа да освои уште трофеј во кариерата.