Американската скијачка Микаела Шифрин е победничка и на вториот слалом кој викендов се возеше во финскиот Леви. Таа стигна до победа со вкупно време од 1:52.21 минути, што беше за 28 стотинки подобро од второпласираната Венди Холденер од Швајцарија.
На подиумот место заслужи Петра Влхова од Словачка која задоцнеше 68 стотинки зад победничката.
Најдобрите алпски скијачки следниот викенд ќе бидат во американскиот Килингтон каде ќе се одржат трките во супервелеслалом и во спуст.