Мохамед Кудус постигна два гола за Гана на Светското првенство во Катар, и двата во победата над Јужна Кореја, која ја одржа неговата селекција во борба за место во нокаут фазата. Станува збор за 22-годишниот напаѓач на Ајакс, кој во клупската сезона постигна десет гола на 21 настап.
Неговите настапи на Светското првенство го привлекоа интересот на големите европски клубови.
Раководството на Барселона пред Мундијалот во Катар потврди дека им се допаѓа како играч, но во тој момент не бил приоритет. „Калчомеркато“ сега пишува дека и Јувентус и Милан со задоволство би го довеле Кудус во Серија А.
Во трката е и Реал Мадрид, кој сака да обезбеди наследник за Карим Бензема, кој се почесто е повреден.
Мохамед Кудус во 2020 година беше купен од Ајакс за 9 милиони евра. За холандскиот клуб одигра вкупно 63 натпревари и постигна 15 гола, со шест асистенции. Неговиот договор е со важност до 2025 година.