Фудбалот, или како што тие го нарекуваат „сокерот“, направи голем прогрес во САД, што се покажа со страста која нивните навивачи ја покажаа на Светското првенство во Катар, но очигледно Американците уште не можат целосно да сфатат што е толку важно во таа игра на 22 луѓе со една топка и два гола.
Очигледен пример за тоа е претседателот на УФЦ федерацијата, Дејна Вајт, кој во видео старо неколку години тврди дека фудбалот е „најмалку талентираниот спорт на светот“, оценувајќи дека головите се преголеми и дека се работи за спорт за деца.
„Сокер? Цела поинаква приказна. Не можам да го поднесам, мислам дека тоа е најмалку талентираниот спорт на светот. Има причина зошто тригодишни деца знаат да играат фудбал, нели? Трчаш наоколу и шутираш топка. Кога играш спорт во кој мрежата е толку голема и губиш со 3:1, како можеш да не постигнеш гол? Колку треба да си неталентиран да не оствариш три поени во толкава мрежа“, се прашува Вајт.
За негова жал, следниот Мундијал доаѓа токму во САД, кои во 2026 се ко-организатори со Канада и Мексико.