Репрезентативците на Португалија, Нуно Мендеш и Данило Переира го напуштија Катар во четвртокот, два дена пред четвртфиналето на Светското првенство против Мароко. Мендеш и Данило се повредија во Катар во стручниот штаб на Португалија процениле дека најдобро е процесот на рехабилитација да го спроведат во нивниот клуб, ПСЖ.
Данило Переира играше само на првиот натпревар против Гана, а потоа скрши три ребра на тренингот, додека левиот бек, Нуно Мендеш ја обнови повредата на бутниот мускул на натпреварот од 2. коло против Уругвај.
Португалија, во сабота од 16 часот, ќе игра против Мароко во четвртфиналето на Светското првенство.