Златан Ибрахимовиќ откри за која селекција ќе навива до крајот на Мундијалот.
„Сакам Аргентина да го освои пехарот поради Лионел Меси“, изјави напаѓачот на Милан.
Јужноамериканците сега се во четврт-финалето, каде в петок навечер се соочуваат со Холандија.
Шведскиот ветеран има играно на две Светски првенства, во 2002 и во 2006 година. Скандинавците се пласираа и на СП во Русија пред четири години, но тогаш Ибрахимовиќ не беше повикан бидејќи претходно се откажа од репрезентацијата.
Сега Швеѓаните не се дел од Светското првенство во Катар, откако во квалификациите беа елиминирани од Полска.