Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, не му заборави на Килијан Мбапе за коментарите за квалитетот на јужноамериканскиот фудбал, велејќи дека тој „не знае доволно за фудбалот“ како најава за денешното финале на Светското првенство меѓу Аргентина и Франција.
Мбапе во мај изјави дека европските нации се подобро подготвени за Светското првенство бидејќи играат „мечеви на високо ниво“ цело време меѓу себе на Европското првенство и во Лигата на нации за разлика од квалитетот на мечевите кои ги играат Аргентина и Бразил. Мартинез беше потсетен на тие коментари пред финалето и беше јасен во својот одговор.
„Тој не знае доволно за фудбалот. Никогаш не играл во Јужна Америка. Кога немаш такво искуство, подобро е да молчиш. Но, тоа на крајот не е важно. Ние покажавме дека сме голем тим и тоа го признаваат сите“, изјави Мартинез.
Мартинез не е единствениот кој зборуваше против Мбапе и нговите коментари. Лаутааро Мартинез тогаш изјави дека не е фер да се потценува цел континент, додека, сега веќе поранешниот бразилски селектор, Тите се потсмеваше со Французите велејќи дека Бразил немаат среќа „постојано да играат со Азербејџан“.
Тите го „трола“ Мбапе: Ние го немаме Азербејџан за да се одмориме
Лаутаро и Мартинез лути на Мбапе за потценувањето на јужноамериканскиот фудбал