Со комеморации во Рим и во Белград, стотина фанови и познати фудбалски личности се простија со Синиша Михајловиќ, поранешниот српски фудбалер и тренер, кој почина оваа недела по борбата со леукемијата.
53-годишниот Михајловиќ почина во петокот по тригодишната битка со болеста, по што светот на фудбалот се прости со човекот кој стана легенда во Серија А и во српскиот фудбал.
Во Рим, стотина навивачи ја посетија комеморацијата, вклучувајќи го тренерот на Наполи, Лучано Спалети, претседателот на Италијанскиот сенат, Игнацио ла Руса и повеќе фанови кои присуствуваа од самото утро. Погребот на поранешниот српски селектор и тренер на Милан и Болоња ќе се одржи во понеделник во 9 часот во базиликата Санта Марија дељи Ањели е деи Мартири во Рим.
Во Белград, пак, на стадионот на Црвена звезда, „Рајко Митиќ“ се оддржа комеморација за членот на шампионскиот тим од 1991 година, на која присуствуваа поранешниот ракометар Ненад Перуничиќ, поранешниот соиграч од Звезда, Драгиша Биниќ и тренерот на златната генерација, Љупко Петровиќ, тренерот на Партизан, Гордан Петриќ, а говореа претседателот на Звезда, Светозар Мијаиловиќ и легендата на „црвено-белите“, Драган Џаиќ.
Mihajlovic, tifosi in fila e commozione alla camera ardente in Campidoglio https://t.co/jBBUROzpy5
— calciomercato.com (@cmdotcom) December 18, 2022