Мустафа Хаџи, поранешен марокански репрезентативец, е казнет поради фалсификување на тренерска лиценца. Дисциплинската комисија на Африканската фудбалска конфедерација му забрани на Хаџи во следните пет години професионално да се занимава со каква било активност поврзана со фудбалот.
Хаџи зад себе има одлична фудбалска кариера, настапуваше за Мароко на СП 1994 и 1998 година, а по второто Светско првенство беше прогласен за најдобар играч на Африка. По одличната фудбалска кариера, тој се одлучи за тренер, но никогаш не се заложи да добие ФИФА лиценца.