Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, смета дека натпреварот против Брентфорд треба да го играат само играчи кои не биле дел од Светското првенство во Катар, бидејќи моментно се наоѓаат во подобра состојба.
„Не сум многу среќен. Од една страна вие сте среќни бидејќи Тотенхем да има 12 играчи на Светското првенство значи дека сме на добар пат да бидеме конкурентни и да се обидеме да освоиме нешто. Но, нормално е дека кога имате толку многу играчи кои играат на таков турнир, особено во текот на сезоната, сега не е лесно бидејќи нивната физичката подготовка не е на потребното ниво“, изјави Конте, а пренесе „Би-Би-Си“.
Премиерлигата продолжува в понеделник само осум дена по финалето на Светското првенство во Катар.
Тотенхем на Боксинг деј ќе му гостува на тимот на Брентфорд, во натпреварот од 17. коло на Премиерлигата.
По 15 одиграни натпревари, Тотенхем е четврти на табелата со 29 бода, додека Брентфорд е десетти со десет бода помалку.