Јапонскиот ски-скокач Рјоју Кобајаши е победник на третото натпреварување во Сапоро.
Кобајаши, кој во Сапоро славеше и во петокот, денес заврши со вкупно 280,0 поени, пред Гранеруд кој собра 268,9 поени (скокови од 140 и 136,5 метри), додека третото место му припадна на Германецот Маркус Ајзенбихлер со 256,9 поени.
По првата серија Јапонецот беше второпласиран, но во втората со скок од 143 метри стигна до прво место.
Полјакот Давид Кубацки го зазеде само единаесеттото место, но ја задржа првата позиција во генералниот пласман со 1.164 бодови, а по него е Гранеруд со 1.116, додека Ланишек е трет со 941.