Манчестер сити сериозно влезе во одбраната на титулата од Премиер лигата, откако во второт коло од новиот шампионат со 6:1 го „прегази“ тимот на Хадерсфилд, предводени од Серхио Агуеро, кој се „почести“ со хет-трик.
Шоуто започна во 25. минута, кога Агуеро доби една долга топка од голманот Едерсон, ја „смеша“ одбраната на гостите, и постигна ефектен гол. Дека нема шега со тимот на Пеп, Хадерсфилд дозна во следните 10 минути, по кои веќе беше 3:0. Прво, Габриел Жесус успеа да се снајде убаво на работ на шестнаесетникот во 31. минута, за Агуеро да искористи уште една „климава“ реакција на одбраната за во 35. минута да зголеми на 3:0.
Словенецот Јон Станкович пред крајот на полувремето им даде надеж на гостите дека нема да доживеат катастрофа, меѓутоа Давид Силва во својот 250. настап во Премиер лигата, со неговиот син Матео на трибините постигна фантастичен гол од слободен удар во 48. минута, пред Агуеро да го комплетира хет-трикот во 75. минута по одличното нафрлање на Бенжамин Менди. Мизеријата за Хадерсфилд продолжи во 85. минута, кога Конголо си постигна автогол.
До втора победа во второто коло во ПЛ, стигна и тимот на Ватфорд, откако успеа со 3:1 да победи на тешкото гостување кај Барнли.
Фото: ЕПА