Поранешниот јужноафрикански параолимпиец, Оскар Писториус не успеа да добие помилување на затворската казна за убиство на неговата свршеница во 2013 година, и следната шанса за помилување ќе ја има во август 2024.
36-годишниот Писториус, кому му се ампутирани двете нозе до колениците, ја застрела Рива Стенкамп преку вратата во тоалетот во нивнот дом на 14 февруари 2013 година, и доби 13 години затвор. Според јужноафриканските закони, по половина отслужена казна тој имаше можност да добие помилување.
Бордот за помилувања решил дека не е доволно тој да помине 6 и пол години во затвор, иако го земале во предвид неговото однесување во затворот, учеството во затворските програми, како и психичката состојба.
Писториус постојано демантираше дека ја убил Стенкамп ладнокрвно поради љубомора, но семејството на Стенкамп бараше тој да доби доживотна казна и одбија да дадат позитивно мислење за неговото потенцијално ослободување.