Top Sport

Што ли мислеа од ФИА? Окон за малку ќе ги прегазеше новинарите и фоторепортерите

Финишот на Азербејџанското ГП во Баку можеше да донесе вистинска катастрофа, откако при влегувањето во боксот на возачот на Алпин, Естебан Окон во последниот круг, тој за малку ќе ги удреше насобраните новинари и фоторепортери кои ја чекаа официјалната презентација.

Исходот на трката веќе беше одлучен, со победата на Серхио Перез пред својот колега од Ред бул, Макс Ферстапен и Шарл Леклер во Ферари, кога Алпин решија да го повлечат Окон во боксот, кој за среќа остана присебен и не се удри во насобраните луѓе.

Scroll to Top