Новиот италијански првак Наполи славеше против Интер со 3:1 на дербито што се одигра на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Гостите од 41.минута беа со фудбалер помалку откако беше исклучен Роберто Галјардини поради два жолти картони.
Андре Замбо Ангиса донесе водство за Наполи во 67.минута, а израмни Ромелу Лукаку во 82.минута.
Сепак, „наполитанците“ во финишот успеаја да стигнат до победа. Џовани Ди Лоренцо во 85.минута постигна втор погодок за Наполи, а триумфот го завери Џанлука Гаетано во судиското продолжение.