Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Македонија ЃП, се раздели со бразилскиот интернационалец Матеус Лемос. Преку социјалните мрежи „лавовите“ објавија дека доаѓа до разделбата со 24-годишниот играч од Бразил.
Неколку дена по освојувањето на трофејот, раководството на клубот веќе почна да го планира составот за следната сезона.
Матеус Лемос дојде во Ѓорче Петров минатата сезона и со Македонија ЃП освои два трофеи во Купот на Македонија.