Top Sport

(Видео) Костјук удри по публиката во Париз: Ова е вистинска срамота

Украинската тенисерка Марта Костјук влезе во бизарен напад на публиката на Ролан Гарос, откако тие ја исвиркаа по поразот од Арина Сабаленка откако одби да се ракува со белоруската тенисерка, велејќи дека тие треба да бидат засрамени од своето однесување.

Украинката, како што се очекуваше, си замина директно од теренот без да се ракува со Сабаленка, нешто што наиде на лута реакција на малкуте навивачи на трибините, кои ја исвиркаа. Првично, Сабаленка мислеше дека свирежите се за неа, но веднаш стана јасно дека тие се упатени кон 20-годишната Костјук.

„Не го очекував ова. Немам реакција, но на тие луѓе, искрено, треба да им е срам. Не знам како ќе се чувствуваат по 10 години, кога војната ќе заврши. Не верувам дека ќе им биде добро. Кажав дека нема да се ракувам, не знам зошто мислеа дека ќе го сменам моето мислење. Ова нема да се случи на Вимблдон, бидејќи таму ја почувствував поддршката и реакцијата ќе биде поинаква. Тоа ми дава верба дека има обри луѓе на овој свет. Се надевам дека нема да им дадат виза и нема да играат.

Scroll to Top