Top Sport

Охрид се засили со Грузиецот Орјоникидзе

Ракометниот суперлигаш ГРК Охрид го ангажира левиот бек Тимураз Орјоникидзе. Тој доаѓа од финскиот тим Кокс, а во кариерата има настапувано и во Романија и во Унгарија.

Орјоникидзе има искуство и од Македонија, со оглед дека настапуваше за Еурофарм Пелистер и за Прилеп.

„Пресреќен сум што се враќам во Македонија, ова е земја на ракометот и задоволство ми е што ќе играм тука. Охрид има одличен тим и проект и чест ќе ми е да сум дел од него. Се надевам следната сезона ќе ни биде успешна и заедно со нашите фанови ќе славиме многу победи!”, изјави Тимураз Орјоникидзе.

 

 

Scroll to Top