Манчестер Јунајтед ќе ги отвори преговорите за играчот од средниот ред на Челси, Мејсон Маунт, со понуда од 50 милиони фунти, откриваат медиумите на Островот. Сумата е многу помала од 70 милиони фунти што ги побараа лондончани.
На „Олд Трафорд“ сепак одлучија дека ова е добра стартна позиција за вистински почеток на преговорите меѓу двата клуба.
24-годишниот Англичанец, кој е под договор на уште една сезона со својот сегашен клуб, веќе ги договорил личните услови со 20-кратниот шампион. Трансферот нема многу да се одложува бидејќи двата клуба сакаат тој да биде финализиран до крајот на месецот.
За Челси ова е важно, бидејќи по потрошените 600 милиони фунти за трансфери во последните два прозорци, клубот е притиснат од ограничувањата на финансискиот фер-плеј и до 30 јуни средства мора да влезат во касата за да се избалансираат сметките.