Полицијата во Мајами отвори истрага за обвинувањата за силување против ММА ѕвездата, Конор Мекгрегор, откако на социјалните мрежи се појави видео во кое тој ја води девојката во ВИП тоалетот при четвртиот меч од финалето на НБА лигата помеѓу Мајами и Денвер минатата недела.
Ирецот, кој го очекува и четвртото дете со својата свршеница, е пријавен дека сакал да ја примора девојката на орален секс, но неговите адвокати тврдат дека се работи за лажно обвинување и дека таа е заинтересирана само за пари. Снимката која се појави го покажува Мекгрегор и девојката како влегуваат во ВИП тоалетот, по што неговото обезбедување држи стража пред тоалетот.
It's not looking good for Conor McGregor holy shit
This looks terriblepic.twitter.com/u380m2Ys6Z
— 𝙒𝙊𝙉𝘿𝙀𝙍𝘽𝙍𝙀𝘼𝘿 🇦🇺 (@WonderbreadMMA) June 16, 2023