Top Sport

Роберто Фирмино ќе стане соиграч на Алиоски во Ал-Ахли

Бразилскиот интернационалец Роберто Фирмино замина од Ливерпул, а најверојатно нема да одолее на арапските милиони. И покрај тоа што имаше понуди од Јувентус, Милан и од неколку клубови од американската МЛС лига, на крајот сепак, се очекува да потпише за Ал-Ахли. Со тоа ќе стане и соиграч на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, кој се враќа од позајмицата во Фенербахче во Ал-Ахли.

Фирмино добил понуда за тригодишен договор, според кој Бразилецот би заработил 60 милиони евра. Тој најверојатно ќе ја прифати понудата и ќе потпише за Ал-Ахли.

Претходно и Едуард Менди, досегашниот голман на Челси, прифати да се пресели во овој саудиски клуб.

 

Scroll to Top