Ѕвездата на Реал Сосиедад, Давид Силва, се здоби со сериозна повреда. Тој ги скина предните вкрстени лигаменти и го очекува долга пауза. Би можел да се врати на теренот дури на почетокот на 2024 година.
Искусниот фудбалер од средниот ред. сепак, размислува и за крај н кариерата. Тој има 37 години и во негова возраст рехабилитацијата ќе оди многу побавно, откриваат шпанските медиуми.
Давид Силва ја почна кариерата во Валенсија, а покрај Реал Сосиедад со успех настапуваше и за Манчестер Сити од 2010 до 2020 година. Со „црвената фурија“ освои две шампионски титули на европските првенства, а во 2010 година беше и светски првак.