Флојд Мејведер јуниор уште еднаш покажа дел од своето огромно богатство, откако преку Инстаграм се пофали со винската колекција и новиот дом во Беверли Хилс.
Мејведер ја заврши својата блескава боксерска кариера со нокаут во 10. рунда над Конор Мекгрегор за да има совршен 50-0 скор. По оваа победа, тој купи дом од 20-тина милиони долари во Калифорнија, што сепак е дел од неговото богатство, кое се проценува на над 400 милиони долари.
40-годишниот Американец на Инстаграм постави фотографија од неговата винска визба со 15 реда скапоцени шишиња вино и со порака: „Како добро вино“.