Јирген Клоп вели дека никогаш не побарал да се чисти снегот само на половината на која неговиот тим напаѓа, и во исто време додаде дека не ја сфаќа реакцијата на фудбалерот на Манчестер сити, Кајл Вокер кој постави (па избриша) фотографија потсмевајќи се со Ливерпул.
Вокер постави фото на колегата од англиската репрезентација, Хери Мегвајр, кој го постигна голот за 1:1 реми на Лестер со Ливерпул со легенда: „А, тие мислеа дека ќе избегаат 7 поени“. Клоп, кој беше под критики дека наредил на полувреме да се чисти од снег само половината на која напаѓа Ливерпул, вели дека не сфаќа како некој може да се радува на губење на поени на ривалите.
„Не знам што кажува тоа за нас, туку повеќе за нив. Јас никогаш не сум славел губење на поени на друг клуб, бидејќи тоа не е дозволено. Исто така никогаш не сум барал да се чисти една половина на терен, а другата да биде во кал. Јас така го сфаќам спортот. За навивачите е поинаку, но тоа нема да го критикувам“, вели Клоп.
Тој исто така додаде дека не е вистина дека Ливерпул користи спортски психолози за да се помогне на фудбалерите во обидот за прва титула по 29 години.
„И ние го користиме мозокот од време на време. Во спортот има такви ситуации, такви атмосфери, но треба да траат цела сезона. За нас тоа трае три и пол години и борбата не престанува“, додава луто Германецот.
Фото: ЕПА
Клоп наредил да се чисти снегот само на половината каде што Ливерпул напаѓаше!
Кајл Вокер се потсмева со Ливерпул: И така, тие мислеа дека ќе имаат 7 поени предност