Од англиската Лига 1, третата лига по ранг, ни доаѓа една емотивна приказна – 19-годишниот Џеј Стенсфилд дебитираше за Ексетер сити со дресот број 9, кој го носеше неговиот татко, Адам Стенсфилд, кој почина на само 31 година од рак во 2010 година.
Стенсфилд, кој е фудбалер на Фулам и дојде како позајмен фудбалер во Ексетер, доби аплауз од публиката кога влезе во игра во 79. минута од 1:0 победата над МК Донс, со дресот кој клубот го повлече по смртта на неговиот татко, кој имаше 160 меча во четири сезони со клубот.
„Не сум емотивна личност, но ова беше нешто посебно. Да се види во дресот број 9 е нешто посебно и веднаш ми се вратија сеќавањата кога играв покрај неговиот татко. Тоа е трагична приказна која сите во клубот ја познаваат и тие се семејство кое сите ние го сакаме“, изјави менаџерот на Ексетер, Макс Тејлор.
La belle histoire du jour se poursuit… ?
Jay Stansfield, qui a hérité du n°9 de son père à Exeter City, est entré en jeu avec son nouveau club aujourd’hui.
On vous laisse regarder… ?
— PFC (@PassionFootClub) September 3, 2022
Scenes as Jay Stansfield makes his Exeter City debut on loan from Fulham, playing for the same club his dad died at 10 years ago. Emotional ❤️ @OfficialECFC @exetercity1904 pic.twitter.com/9CnhgpmbFs
— Benji (@BenjiDoesCare) September 3, 2022