Светскиот шампион, возачот на Ред бул рејсинг, Макс Ферстапен го доби поправениот трофеј од Унгарското ГП оваа година, и при преземањето на скапоцениот порцелански трофеј го повика и возачот на Мекларен, Лендо Норис, кој беше човекот кој беше виновен за кршењето.
При прославата на подиумот во Хунгароринг, Ферстапен го остави трофејот на подиумот, а Норис, инаку близок пријател на Холанѓанецот, удри со шишето шампањско, за трофејот, направен од порцелан, да се скрши.
Компанијата „Херенди“, која е позната по рачно изработениот порцелан, вети дека ќе му додели нов трофеј на Ферстапен, иако изработката чини 40.000 евра.
It’s fixed 🇭🇺🙌 pic.twitter.com/wkgKE5y4vR
— Max Verstappen (@Max33Verstappen) August 29, 2023