Карлос Саинс, Луис Хамилтон и уште шест возачи добија дополнителни казни од по 5 секунди на Австриското ГП по протестот на Астон Мартин, предизвикувајќи промени во топ 10 пласманот, но не и меѓу освојувачите на место на подиумот, Макс Ферстапен, Шарл Леклер и Серхио Перез.
По крајот на неделната трка, Астон Мартин протестираа сметајќи дека не биле казнети сите возачи кои ги прекршиле правилата, иако стјуардите казнија седум возачи. ФИА потврди дека го усвојува протестот и дека ќе се разгледаат 1.200 прекршоци во текот на трката, од кои стјуардите утврдија дека има 83 прекршоци и „избришани кругови“, носејќи повеќе кзни.
Бидејќи четврт прекршок носи казна од 5 секунди, а петти 10 секунди казна, пред „рессетирање“, тоа значеше дека Карлос Саинс доби 10 секундна казна која го спушта од четвртото на шестото место зад Лендо Норис и Фернандо Алонсо. Хамилтон исто така добива 10 секундна казна и го губи седмото место од колегата Џорџ Расел, додека Пјер Гасли го губи 9. место од Ленс Строл.
Казна од 10 секунди доби и Алекс Албон, кој заврши како 11., 30-секундна казна за Естебан Окон на 12. место, 10-секундна казна за Логан Сарџент, 15-секундна казна за Ник де Фрис и 10-секундна казна за Јуки Цунода.
BREAKING: Eight drivers receive post-race penalties for track limit infringements during the race
The top 10 results change, although the podium remains unaffected #AustrianGP #F1 pic.twitter.com/scwtaQG96q
— Formula 1 (@F1) July 2, 2023
Астон Мартин со протест за Австриското ГП поради казните за излегување од патеката