Top Sport

ФИА повторно ќе ја разгледува легалноста на Ферарито!

Ферари може да се соочи со уште една истрага на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) пред гламурозната трка во Монако следниот викенд.

Откако Себастијан Фетел доминантно победи на првите две трки од сезоната, се поставија многу прашања околу легалноста на СФ71Х болидот, а од друга страна Ферари продоли со својата интерпретација на правилата.

Скудерија пред последната трка во Шпанија постави нови ретровизори на „хејло“ системот за заштита на главата, како и „крилца“  до кокпитот кои беа забранети по жалбата на Мерцедес и Ред бул.

Сега, според германскиот „Ауто мотор унд спорт“, други тимови побарале разјаснување на правилата околу дистрибуцијата на електричната моќ од хибридниот дел на моторот во Ф1, со сомнеж дека Ферари добива дополнителни 20 коњски сили на квалификациите со „бајпас“ на сензорите кои се поставени на болидот.

Во Италија ова сигурно ќе биде протолкувано како директен напад над Ферари, откако нивниот претседател Серџо Маркионе по големиот број закани за повлекување од спортот, неодамна ги пофали новите сопственици „Либерти“ за флексибилноста. Ферари исто така се согласи со отстранување на МГУ-Х елементот на моторот од 2021 година.

По успешниот старт, Фетел сега заостанува дури 17 поени зад актуелниот шампион на Мерцедес, Луис Хамилтон по неговите победи на последните две трки. Ферари се жалеше дека менувањето на гумите на Пирели по само четири трки од сезоната е направено „намерно“ за тие да се успорат.

 

Ривалите со „листа“ на нерегуларни делови на новото Ферари

Фетел: Не можевме ништо со новите гуми на Пирели

 

Scroll to Top