Американскиот Ф1 тим Хас во 2021 година влегува со двајца дебитанти, што според многумина е огромен ризик, откако на Мик Шумахер, синот на седумкратниот Ф1 шампион Михаел ќе му се приклучи Русинот Никита Мазепин, чиј татко, милијардерот Дмитриј Мазепин е еден од главните спонзори на тимот.
Мазепин, кој привлече несакано внимание со едно бизарно видео со една манекенка во Дубаи, вели дека Шумахер е под поголем притисок поради неговото име, а бидејќи веќе двапати беа тимски колеги во картинг во 2013 и 2014, добро го познава Германецот
„Сите ќе гледаат што ќе прави тој. Искрено, не ми е грижа за неговото име. Не сме пријатели, туку само познаници. Возевме во картинг заедно. Презимето му дава сила, но и проблеми поради вниманието. Кога ќе го затвориш визирот на кацигата, нема време за размислување за такви работи“, вели Мазепин во интервју за руската „Мач ТВ“.
Милионите не се одбиваат – Мазепин го заддржа местото во Хас