Светските шампиони кај конструкторите, Мерцедес ќе ја започнат сезоната 2022 без два долгогодишни спонзори, откако „Босе“ и „ЕПСОН“ решија да ја прекинат соработката.
„Босе“, компанијата која се специјализира во висококвалитетна аудио-опрема целосно заминвуа од Формула 1, откако соработуваа со „сребрената стрела“ од 2015 година. Тие беа снабдувачи на аудио-опремата која ја користеше тимот, посебно слушалките со кои шефот Тото Волф комуницираше со стјуардите и со возачите. Тој беше во центарот на вниманието на Саудиското ГП кога ги искрши слушалките, по што се шегуваа дека „Босе“ профитирале од неговиот гест. Секако, крајот на спонзорството, нема никаква врска со Волф.
Јапонската технолошка компанија „ЕПСОН“, пак, е еден од најголемите производители на принтери на светот и си заминува од Ф1 по шест години со Мерцедес. Тие беа одговорни за доставата на принтери, проектори и скенери на тимот.