Челси можат да го отпуштат Маурицио Сари и да платат отштета од само 5 милиони фунти, најмала сума во ерата на Роман Абрамович.
Дел од фановите апсолутно ја загубија довербата во Сари и во неговиот „Сари-бол“ стил на фудбал по понеделничкиот 0:2 пораз од Манчестер јунајтед во ФА купот, и обложувалниците го имаат првото место за Италијанецот на листата на менаџери кои најверојатно ќе добијат отказ.
60-годишниот поранешен банкар има договор до 2021 година, но на „Стемфорд бриџ“ ретко кој тренер го исполнува целосен договор, така што ако сега биде отпуштен поранешниот тренер на Наполи ќе добие 5 милиони фунти, а неговиот тим 1 милиони фунти во компензација.
Chelsea fans sharing their thoughts on “Sarri-ball” through chanting… pic.twitter.com/mD1JPBUvyh
— ODDSbible (@ODDSbible) February 19, 2019
Абрамович од преземањето на Челси во 2003 година отпушти девет менаџери – највисоката отштета ја доби Жозе Мурињо при првиот отказ во 2007 со 18 милиони фунти, а најмалку доби неговиот наследник Аврам Грант, кој следната година доби 5.5 милиони фунти за отказот.
И покрај ова, Сари не е загрижен.
„Немавме среќа, а одигравме добро прво полувреме против Јунајтед, пред во второто да играме конфузен фудбал. Секако, го чувствувам притисокот на резултатите. Мора да работиме за да најдеме агресија и посветеност во нашата игра“, изјави Сари по вчерашниот меч.
Часовникот „отчукува“ за Сари – Јунајтед никогаш полесно на „Стемфорд бриџ“ (видео)