Поранешниот капитен на Мнчестер јунајтед, Рој Кин повторно го критикуваше начинот на кој Бразилците го прославуваат секој постигнат гол. Фудбалерите на „Селесао“ во духот на својот карактер буквално танцуваат на теренот по постигнатите голови. Кин смета дека со тоа го омаловажуваат противникот.
Бразилскиот танц особено беше нагласен во осминафиналето против Јужна Кореја, кога постигнаа четири гола, а третиот гол на Ришарлисон танцуваше и селекторот Тите.
Кин ги критикуваше по мечот со Јужна Кореја и продолжи и пред мечот со Хрватска.
„Не разбирам како тренер може да танцува додека се уште трае натпреварот, а има противнички тренер на десетина метри од него. Се работи за почит. Танцувајте потоа во соблекувалната или во ноќен клуб“, изјави Кин.
„Но, зошто е во ред Бразил да го прави тоа за време на натпреварите? Ако сите танцуваат посекој постигнат гол, натпреварите ќе траат три дена. Знаете што? Кога тренерите ќе ја добијат својата професионална лиценца, тогаш треба да им се покаже и како танцуваат. Заборавете на тактиката“, се пошегува Кин.
The Samba Dance 🔥🔥 Brazil pic.twitter.com/8cLSibWoMm
— 𝐒𝐔𝐏𝐑𝐄𝐌𝐄 𝐆𝐎𝐀𝐓™ (@SupremeGoat) December 5, 2022
Кин пред неколку дена за прв пат ја критикуваше прославата на Бразил.
По мечот со Јужна Кореја, Кин доби поддршка од поранешниот репрезентативец на Велс, Греем Сунес.
„Мислам дека е само прашање на време кога некој ривалски играч ќе удри еден од тие Бразилци поради тоа што го прават. Тоа е класично непочитување на ривалот. Не е во ред ова што го прават“, рече Сунес.
Бразил против Хрватска, од 16 часот, ќе ја отвори четвртфиналната фаза на Мундијалот. Победникот од овој натпревар, во полуфиналето ќе игра против Холандија или Аргентина.