Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски нема да одигра ниту еден натпревар во дресот на Фенербахче до крајот на оваа година. Тој заработи повреда поради која паузира три седмици. По звршувањето на Светското првенство се враќаат на сцена настапите во националните првенства, но Алиоски нема да биде во тимот на Фенербахче.
Тој го истегнал мускулот на тренинг и ќе мора да одмори одреден период.
„Алиоски му беше утврдено истегнување од втор степен и има болки во препоните што ги доживеа на тренинг. Ќе започне со тренинзи после 2-3 недели откако ќе добие соодветен третман“, објави Фенербахче.