Top Sport

Антонио Бандерас сака да помогне на својот омилен клуб Малага

Холивудскиот актер, Антонио Бандерас призна дека е подготвен да инвестира во клубот од неговиот роден град, Малага, за кој никогаш не ја криел својата љубов и честопати бил н стадионот.

Малага во моментов се во втората шпанска лига по испаѓањето во 2017/18 и 60-годишниот актер, кој беше фудбалер во младоста пред да го скрши стапалото на 14 години, неодамна се врати дома каде што ќе го предводи својот театар „Сохо“.

„Мојата вклученост во Малага ќе зависи од тоа кои се новите инвеститори и што сакаат. Во Малага е потребно некој да го фати бикот за рогови и да го поведе клубот напред. По сите проблеми, не им оди толку лошо и момците кои го носат дресот завршуваат одлична работа. Но, вака не може да се оди напред“, вели Бандерас.

Малага се во средината на табелата, но финансиските проблеми значат дека тие се во стечај и околу клубот има многу судски процеси.

Scroll to Top