Англискиот премиерлигаш Арсенал следното лето си постави приоритет да доведе квалитетен напаѓач. Пјер-Емерик Обамејанг замина на „Камп Ноу“, а на излезна врата од клубот се уште и Александре Лаказет и Еди Енкетија.
Најавите од Островот се дека менаџерот Микел Артета ќе купи двајца напаѓачи во летниот преоден рок. Прв ‘пик’ на „топчиите“ е офанзивецот на Салцбург, Карим Адејеми.
Младата ѕвезда веќе доби репрезентативен статус во Германија, а ова лето сигурно ќе замине од Салцбург. За него сериозен интерес појави Борусија Дортмунд, но во трката се и Баерн Минхен и Барселона. Сепак, Арсенал ќе се обиде да го привлече на „Емирати“ со понуда од 40 милиони евра.