Аталанта официјално потврди дека ја искористиле опцијата и го купиле Марио Пашалиќ од Челси за 15 милиони евра.
Хрватот Пашалиќ ниту еднаш не заигра за Челси, а играше како позајмен фудбалер во Бергамо од јули 2018 за 2.5 милиони евра, така што конечната сума за неговиот трансфер е 17.5 милиони евра.
25-годишниот Пашалиќ дојде на „Стемфорд бриџ“ од Хајдук во 2014 за само 2.5 милиони евра, по што играше како позајмен фудбалер во Елче, Монако, Милан, Спартак Москва и Аталанта. За Аталанта тој постигна 7 гола и имаше 7 асистенции во 33 меча оваа сезона.
#SuperMario resta con noi! ??♂️??
Il centrocampista croato acquistato a titolo definitivo!Mario #Pašalić stays with us! ??
Our #88 is an #Atalanta player on a permanent basis!#GoAtalantaGo ⚫️? pic.twitter.com/6sHQhzjNSi— Atalanta B.C. (@Atalanta_BC) June 22, 2020
Челси ќе заработат 15 милиони евра на фудбалер кој не заигра за нив