Top Sport

Атлетик Билбао утврди: Игуаин не е Баскиец и не може да игра за нив

Гонзало Игуаин нема да биде разгледуван како можна опција за засилување на Атлетик Билбао, откако нивниот спортски директор предупреди дека „не се важи“ тоа што Аргентинецот има дедо кој е Баскиец.

Шпанските медиуми шпекулираа дека напаѓачот на Јувентус е едно потенцијално засилување за клубот од Билбао следната сезона. Игуаин е роден во Франција, но израснал во Аргентина, а бидејќи Атлетик е клуб во кој можат да играат само Баскијци или фудбалери родени во Баскија, тој беше поврзуван бидејќи неговиот дедо е тој кој емигрирал во Аргентина.

„За да играте за нас, мора да сте родени или да сте формирани како фудбалер тука. Ако не ги исполнувате овие правила, тогаш ништп не е важно. Не знам дали еден ден овие правила ќе се сменат, но засега, тоа е ситуацијата“, вели спортскиот директор на клубот, Рафа Алкорта за радио-станицата „Онда серо“.

Атлетик е познат по својата „кантера“ политика на работа – да работи со млади баскиски фудбалери во школите или да ангажира фудбалери од други баскиски клубови како Хозеба Ечеберија и Хави Мартинез. Официјално, фудбалерот мора да биде роден или да тренирал во пошироката област Баскија: Баскија, Гипузкоа, Алава и Навара во Шпанија и Лабур, Сул и Ниска Навара во Франција.

Затоа поранешниот францускиот репрезентативец Биксенте Лизаразу играше за клубот, но и Кенан Кодро, кој инаку е Босанец, но неговиот татко играл во Баскија и тој е роден таму. Ињаки Вилијамс, чии родители се имигранти од Гана, е дел од клубот бидејќи е роден во Билбао и бил дел од школата на уште еден баскиски клуб, Памплона.

Атлетик Билбао ќе тргнат по Гонзало Игуаин

Scroll to Top