Top Sport

Азар и Куртоа против лагите за конфликт во белгиската репрезентација

Еден Азар и Тибо Куртоа на прес-конференција ги отфрлија „лагите“ за наводен конфликт на тренинг на белгиската репрезентација и за нетрпеливост, посебно по изјавата на Кевин де Брујне дека нивната репрезнтација е „престара“ за голем успех на СП во Катар.

Белгиските медиуми тврдеа дека Ромелу Лукаку морал да интервенира за да спречи општа тепачка по 2:0 поразот од Мароко, по кој сега мораат во директен дуел со Хрватска да бркаат место во нокаут фазата во Катар. Според „РТЛ“ Азар бил еден од вклучените во судирот, заедно со Кевин де Брујне и Јан Фертонген.

„Имавме само добар разговор меѓу фудбалерите. Многу работи се кажаа, зборувавме еден час за добри и за не толку добри работи. Сега сакаме победа против Хрватска и имаме два дена за д се подготвиме. Ништо не се случи во соблекувалната, само селекторот зборуваше. Зборував со Де Брујне, тој верува во нашиот тим“, изјави Азар.

Конфликтот започна откако Де Брујне во интервју со британскиот „Гардијан“ оцени дека „златната генерација“ која пред четири години во Русија го освои третото мсто е „престара“ да се повтори успехот.

Куртоа, кој наводно не зборува со Де Брујне со години, ги отфрли шпекулациите за конфликт.

„Проблемот е што се шират многу лаги. Ситуацијата која е опишана не постои. Како група мораме да избегаме од таа негативност. Работите се објаснија уште вчера, секој го кажа своето мислење отворено и јасно. Сега, треба тоа да го покажеме на теренот. Не сме престари, јас во Реал Марид играм со Лука Модриќ и со Карим Бензема“, изјави Куртоа.

„Тепачка“ на тренингот на Белгијците

Scroll to Top