Кармен Перез, судијата за натпревари во Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) одлучи дека Барселона нема да биде дисквалификувана од Копа дел реј, откако Леванте се жалеше за присуството на 19-годишниот Чуми во првиот состав на тимот во првиот меч.
Леванте тврдеш дека тинејџерот, кој е дел од Б-тимот на Барселона, требаше да биде суспендиран за мечот откако добил картон во Сегунда Б, но Перез утврди дека Леванте се жалеле предоцна, што значи дека Барселона останува во четврт-финалето, откако вчера со 3:0 го победи Леванте по 1:2 поразот во првиот меч.
Леванте може да реши да не ја остави ситуацијата и може да се жали пред апелациониот суд на федерацијата, но и пред цивилниот шпански спортски суд.
Инаку, во ждрепката за четврт-финалето, носителот на титулата Барселона ќе игра со Севилја, додека Реал Мадрид ќе игра со Џирона. Во другите два дуели, Хетафе игра со Валенсија, а Реал Бетис го пречекува Еспањол.