Барселона го потврди трансферот на Жул Кунде. Францускиот интернационалец се сели во каталонскиот гигант од Севилја, неговиот договор е на пет години, а откупната клаузула изнесува милијарда евра.
Кунде официјално ќе биде претставен на „Камп Ноу“ в понеделник. Според медиумите, сумата за трансфер е 50 милиони евра, а уште 10 милиони можат да одат во касата на Севилја во вид на бонуси.
23-годишниот Кунде беше цел и на Челси, но во последен момент Барселона ја доби битката за неговиот потпис. Спортскиот директор на Севилја, Мончи, потврди дека конечната понуда на Барселона била подобра од онаа на Челси.
Yep, he’s fit. @jkeey4 pic.twitter.com/KHUVPU7Jka
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 29, 2022