Top Sport

Бејл со гол од пенал ги спаси Велшаните од пораз од САД

Герет Бејл беше ладнокрвен од белата точка во 82. минута, за да осигура Велс да не биде поразен во првиот настап на еден Мундијал од 1958 година, извлекувајќи 1:1 реми со САД во вториот меч од групата Б на Светското првенство во Катар.

Откако Англија со 6:2 го декласираше Иран, се очекува токму САД и Велс да се борат за второто место во групата и пласман во нокаут фазата, така што мечот беше исклучително важен за двете репрезентации.

Американците дојдоа во водство во 36. минута кога Кристијан Пулишиќ асистираше, а Тимоти Веа погоди. Веа, секако, е син на легендата на африканскиот фудбал и освојувач на „Златната топка“, а сега актуелен претседател на Либерија, Џорџ Веа. Кога изгледаше дека тимот на Грег Берхалтер извојува важни три поени, по една несмасна реакција во шестнаесетникот на Американците беше досуден пенал, кој капитенот на Велс, Бејл без мака го реализираше.

Во второто коло, Американците ќе бараат „чудо“ против разиграните Англичани, додека Велс ќе се судри со Иран.


Графика: Sofascore за Топспорт.мк


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top