Славниот романски клуб, ФЦСБ, порано познат како Стеауа Букурешт, остана само со 13 фудбалери за денешиот меч против Миовени по низата позитивни тестови на КОВИД-19, а ќе мораат да играат и со привремен тренер.
ФЦСБ има дури 14 позитивни фудбалери, што значи дека во тимот мораат да повикаат младински фудбалери за да можат да го комплетираат мечот, а во исто време целиот тренерски тим се зарази од КОВИД-19, така што Едвард Јорданеску не може да го предводи тимот. На негово место ќе биде поранешниот голман на тимот Еуген Нае, бидејќи само тој има квалификации да биде тренер.
Овој случај доаѓа откако контроверзниот газда на клубот, Џиџи Бекали призна дека повеќето од неговите фудбалери не се вакцинирале, додавајќи дека „повеќе би сакале да бидат застрелани“ отколку да добијат вакцина.
„ФЦБС не се вакцинираи. Само Константин Будеску и уште еден фудбалер ја доби вакцината. Јас не им забранував, но тие знаат дека ако нешто не е добро за газдата, тогаш не е добро иту за нив. Ниту на моето семејство не му наложив да се вакцинира, бидејќи мислат дека може да биде опасно“, изјави неодамна Бекали.