На 20-годишнината од мечот Англија-Грција во квалификациите за Светското првенство во 2002 година, Дејвид Бекам се потсети на моментот кој го направи национален херој, велејќи дека првпат го слуша коментарот на мечот.
На 6 октомври 2001 година, Англија по легедарната 5:1 победа на гости против Германија, мораше да извлече поен против Грција за да го освои првото место во групата. Наместо тоа Англичаните на „Олд Трафорд“ губеа со 1:2 до таа 93. минута, кога Бекам го постигна својот најубав гол во англискиотдрес за делириум на трибините.
Ова исто така дојде откако на Светското првенство во 1998 година, Бекам беше претставен како „злосторник“, откако одговори на провокацијата од Диего Симеоне и доби црвен картон во мечот со Аргентина, кој Англичаните потоа го загубија. Сега, Бекам, вели дека првпат го слушал коментарот на мечот.
„Пред точно дваесет години и ова е првпат да го слушам коментаторот. Да се претставува мојата земја, да се биде капитен, да се постигне гол за фановите и тоа да се направи на ‘Олд Трафорд’“, напиша Бекам.
View this post on Instagram