Top Sport

Бензема не го пуштаа да влезе на „Стемфорд бриџ“

Францускиот ас Карим Бензема постигна хет – трик синоќа против Челси во триумфот од 1:3 во Лигата на шампионите. „Кралевите“ остварија голема предност по првиот четврт-финален натпревар од елитното европско клупско натпреварување, а се можеше да заврши и многу поинаку. Имено, напаѓачот на Реал Мадрид за малку немаше да добие дозвола да влезе на „Стемфорд бриџ“.

Лицата задолжени за обезбедување бараа да ја покаже акредитацијата за влез на стадионот, а Бензема во тој момент ја имаше загубено. Сепак, за среќа, како што веќе објасни тренерот Карло Анчелоти, клупскиот масер ја спасил ситуацијата откако ја нашол спорната акредитација.

Scroll to Top