Ајнтрахт Франкфурт ги отфрли обвинувањата дека дале погрешна имејл адреса на Лацио за да пропадне трансферот на Филип Костиќ во италијанскиот клуб, посочувајќи дека токму Лацио ја заборавиле буквата „К“ во понудата за српскиот репрезентативец.
Лацио цел летен преоден рок се обидуваа да го добијат потписот на Костиќ, по што го обвинија бундеслигашот дека им дале погрешна имејл адреса за да пропадне трансферот, но Ајтрахт се жали дека Лацио не ја користеле буквата „К“ во пишаната понуда и не можеле да понудат таков предлог.
Кога Лацио го пратиле мејлот минатата недела тој бил пратен на eintrachtfranfurt.de наместо eintrachtfrankfurt.de. Буквата „К“ не постои во италијанската азбука, така што Лацио пратиле уште една порака во која ги објаснуваат проблемите.
Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре потврди дека тие сакале да го донесат Костиќ, но дека веќе „нема за што да се зборува“ и посочи дека нема да се обидат повторно во јануари. Со ова Костиќ останува во Германија, со клубот со кој има уште две години од договорот, иако германските медиуми тврдат дека му е простено во клубот. Костиќ има 26 гола и 48 асистенции о 129 меча за Франкфурт (со К).