Top Sport

Бразил ја победи Србија, но го загуби Нејмар?

Бразил ја победи Србија со 2:0 во првиот натпревар на Мундијалот со головите на Ришарлисон во 62. и во 73. минута, но дали победата ќе остане во сенка на повредата на Нејмар.

Ѕвездата на Бразил излезе во вториот дел, побара да биде заменет, а набрзо беше фатен од камерите како плаче на клупата за резерви.

Нејмар беше жртва на груб старт на еден од српските фудбалери за време на натпреварот и очигледно е дека заработи повреда на скочниот зглоб.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');